ФОТО | Почина 11-месечниот внук на Шерон Стоун, актерката скршена ја објави тажната вест

Фото: Принтскрин / Instagram

Внукот на актерката Шерон Стоун (63) почина на возраст од 11 месеци, само неколку дена откако итно беше префрлен во болница со целосно откажување (инсуфициенција) на органите.

Стоун ја сподели потресната вест на социјалните мрежи. Пред само неколку дена, таа ги повика обожавателите да „се молат за чудо“.

Актерката синоќа на својот инстаграм-профил ја објави тажната вест.

„Ривер Вилијам Стоун – 8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша Стоун во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Изјавите со сочувство ги преплавија социјалните мрежи, бројни sвезди и обожаватели го изразија своето неверување поради оваа трагедија.

Стоун минатиот петок ги замоли своите обожаватели да се молат за малиот Ривер. Покрај фотографијата на малото момченце опкружено со опрема во својот болнички кревет, актерката напиша: „На моето внуче, Ривер Стоун, денеска му открија дека има целосно откажување на органите“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Ривер е роден во септември 2020 година и е син на братот на Шерон, Патрик и на неговата сопруга Таша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот