ФОТО | „Почесното срце на Сараево“ за Мадс Микелсен: Првпат сум овде, но јадев ќебапи

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Сараево Филм Фестивал

Најпознатиот дански актер Мадс Микелсен пристигна на Сараевскиот филмски фестивал и најпрво ги поздрави бројните обожаватели.

„Првпат сум овде. Имав малку време да прошетам, да јадам ќебапи и тоа е она што го видов засега. Многу сум среќен што сум на фестивалот. Би сакал да имам седум дена до го видам целиот град, но утре веќе треба да заминам“, рекол Микелсен.


На фестивалот синоќа беше прикажан филмот „Лов“ во кој главната улога ја има Микелсен. Пред прикажувањето на филмот, на Микелсен му беше доделено Почесното срце на Сараево, за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Данскиот актер ова признание го доби на 26. Сараевски филмски фестивал (2020 година), на кој, поради околностите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, не можеше да присуствува.

Споменатата улога во 2012 година му ја донесе наградата за најдобар актер на Филмскиот фестивал во Кан.


Непосредно пред да пристигне пред Народниот театар, Микелсен поминал време и со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, која го угостила актерот во Градското собрание, а потоа отишол на ќебапи со Златко Буриќ – Кич, актер и изведувач, еден од основачите на познатиот „Кугла глумиште“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот