Трамп и Маск на „победничкиот собир“ во Вашингтон на 19 јануари 2025 г. / фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

ФОТО | По јавната кавга, Трамп и Маск повторно заедно на вечера

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, најверојатно, ги надминале претходните несогласувања и повторно воспоставиле поблиски односи. Основачот на „Тесла“ објави на платформата Икс дека имал „прекрасна вечера“ со претседателот и првата дама во саботата, во „Мар-а-Лаго“ во Флорида.

„2026 година ќе биде одлична!“, напиша Маск во објавата, споделувајќи и фотографија од вечерата, пренесува „Фокс њуз“.

По изборната кампања на Трамп во 2024 година, Маск стана еден од најголемите донатори на Републиканската партија, вложувајќи стотици милиони долари. Подоцна, Трамп го ангажираше како советник за ефикасност и го постави за раководител на новоформираниот оддел за намалување на федералните трошоци.

Сепак, кон средината на 2025 година, Маск се повлече од функцијата поради зголемени критики и несогласувања со претседателот. Тензиите повторно се зголемија кога Маск јавно ги критикуваше предлозите на Трамп и изрази загриженост за обемот на федералните трошоци.

Трамп тогаш изјави дека е „многу разочаран“ од критиките на Маск и дека не е сигурен дали повторно ќе имаат добар однос. Маск возврати на Икс, тврдејќи дека без него Трамп ќе ги изгубел изборите, па дури и навести можност за формирање нова политичка партија.

Сепак, до крајот на 2025 година, двете страни зазедоа помирувачки тон. Во септември, Трамп и Маск беа видени како се ракуваат на комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк во Аризона. Маск подоцна присуствуваше и на вечера во Белата куќа во ноември, кога Трамп беше домаќин на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот