Џејла Рамовиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм

По инцидентот во Кичево, Џејла Рамовиќ го откажа настапот во Скопјe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ го одложи својот концерт во Скопјe кој требаше да се одржи синоќа, 5 декември, бидејќи, според нејзините наводи, организаторите не ја подготвиле целата потребна документација, пишува „Радио Сараево“.

„Драги мои, вечерва требаше да настапам во Скопјe и искрено се радував на нашето дружење. За жал, и покрај големите напори на организаторите, како и секој претходен пат, навреме да ги обезбедат сите потребни документи за да можеме јас и мојот бенд да си ја завршиме работата непречено, тоа овој пат не се случи“, напиша пејачката.

 

Во продолжение, Рамовиќ нагласила дека безбедноста на публиката, нејзиниот тим, како и сопствената безбедност ѝ се најважни.

„За да избегнеме какви било непријатности, одлучивме да го одложиме настапот додека не се решат сите административни работи. Ви благодарам за разбирањето, трпението и поддршката. Подготвена сум и едвај чекам да ве видам штом ќе се создадат сите услови за убав и безгрижен концерт, каков што отсекогаш сум имала во Северна Македонија. Ве прегрнувам силно“, додала пејачката.

Потсетуваме дека Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд неодамна беа приведени во Кичево, затоа што не поседувале дозволи за работа. По инцидентот, пејачката рекла дека ги доставиле сите потребни документи до организаторот, вклучително и дозволата за настап.

Музичари од Босна и Херцеговина настапувале во Кичево на диво

МВР поднесе пријава против босанската пејачка Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во Кичево

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот