Фото: МВР

Музичари од Босна и Херцеговина настапувале во Кичево на диво

МВР поднесе прекршочна пријава против музичари од Босна и Херцеговина, кои настапувале во објект во Кичево без содветна работна дозвола.

Викендов полициски службеници заедно со пазарната и трудовата инспекција спровеле засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот