ФОТО: По емитувањето на интервјуто објавена досега невидена фотографија од Меган и Хари

меган маркл принц хари
Profimedia

Само неколку часа по емитувањето на интервјуто на социјалните мрежи, се појави фотографија од Меган и Хари кои гушнати позираат во нивната градина.

Фотографот Мисан Хариман, близок пријател на парот, објави досега невидена фотографија од нивната градина. На црно-белата фотографија се гледа како Хари ја прегрнува бремената Меган, додека таа во рацете го држи нивниот син Арчи. Инаку, Хариман ја сними и фотографијата со која Меган објави дека е повторно бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

„Колку прекрасна вест на Меѓународниот ден на жената. Ви честитам, пријатели и Хари, добредојдовте во клубот на татковци на девојчиња“, напишал фотографот во описот на емотивната глетка што многумина сега ја споделуваат на социјалните мрежи.

За потсетување, парот во интервјуто со Опра Винфри откри дека очекуваат девојче кое на свет треба да дојде ова лето.

Првото големо интервју по напуштањето на кралските должности

Неделното интервју беше првото големо интервју на двојката откако тие се преселија од Велика Британија и ги напуштија кралските должности. Меган призна дека се соочила со самоубиствени мисли за време на нејзината бременост, а Хари изјави дека неговиот татко, принцот Чарлс го изневерил.

„Сакав да се самоубијам“: Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа светската јавност во интервјуто со Опра Винфри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот