Снуп Дог - Фото: EPA/CHRIS TORRES

ФОТО | По 30 години кариера, Снуп Дог ќе ја раскаже својата животна приказна на големото платно

Светската хип-хоп икона Снуп Дог предизвика вистински делириум на овогодишниот „СинемаКон“ најавувајќи го биографскиот филм за својот живот кој со децении го чекаа милиони фанови. Раперот се појави на сцената во свој стил, изведувајќи ги хитовите како „Drop It Like It’s Hot“, но главната ѕвезда покрај него беше младиот актер кој ќе ја има честа да го портретира неговиот лик.

Џонатан Дејвис – Фото: Инстаграм/СнупДог

Снуп Дог потврди и на Инстаграм дека ликот на младиот Калвин Бродус Помладиот, неговото вистинско име, ќе го толкува Џонатан Дејвис, познат по улогата во „Нетфликс“ хитот „Outer Banks“. Зад режисерската палка стои Крег Бруер, додека сценариото го пишува Џо Роберт Кол, кој работеше на Марвеловиот блокбастер „Црн Пантер“.

Крег Бруер – Фото: Инстаграм/СнупДог

„Моите браќа ја раскажаа својата приказна во филмот ’Директно од Комптон‘, а сега е ред на мене“, изјави Снуп, најавувајќи суров и искрен приказ на неговиот пат до врвот.

Совети за помладите фанови

Филмот ќе го следи неговиот подем во деведесеттите години, успехот со албумот „Doggystyle“ и соработката со Д-р Дре. Снуп со својот препознатлив хумор веќе ги предупреди помладите фанови дека филмот ќе има старосно ограничување поради експлицитните содржини.

„Барајте дозвола од родителите уште отсега, бидејќи ова нема да биде приказна за деца“, порача раперот.

Филм Снуп Дог – Фото: Инстаграм/СнупДог

Снимањето започнува ова лето во Лос Анџелес. Премиерата се очекува веќе следната година. Покрај филмот, Снуп по пауза од 29 години објавува и нов албум со наслов „Missionary“, на кој повторно соработува со легендарниот Д-р Дре.

Лос Анџелес – Фото: Инстаграм/СнупДог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот