ФОТО | Памела Андерсон се омажи за својот телохранител, во тајност: Шести брак за познатата русокоса од „Чувари на плажата“

Instagram
Instagram

Актерката Памела Андерсон ги изненади нејзините бројни обожаватели објавувајќи дека повторно се омажила. Само една година откако стави крај на бракот кој траеше само 12 дена, Памела повторно го кажа судбоносно „да“ и објави дека се омажила за својот телохранител Ден Хејхурст.

Instagram
Instagram

Заносната русокоса родена во Канада, позната по улогата во хит серијата „Чувари на плажата“, е една од оние кои и покрај сите разочарувања во минатото, никогаш не губат верба во љубовта.

Instagram
Instagram

Се чини дека карантинот влијаеел позитивно на нејзиниот живот, бидејќи таа е повторно вљубена.

За време на пандемијата кога сите седевме дома, Памела се вљубила во својот телохранител, а парот се венчал на Божиќ минатата година.

Instagram
Instagram

Ова е шести брак за поранешната зајачица на „Плејбој“.

Instagram
Instagram

„Јас сум таму каде што и треба да бидам, во прегратките на човекот што ме сака“,  е изјавата Памела, за „Дејли меил“.

Instagram
Instagram

Памела и Ден се венчале во Канада, но поради глобалната пандемија на коронавирусот, на свечениот ден не присуствувале многу гости. Станува збор за имот кој се наоѓа во Ладисмит на источниот брег на островот Ванкувер, каде што Памела се пресели во јули 2019 година и инвестирала милион долари во реновирање на куќата.

Instagram
Instagram

Памела на денот носела раскошна венчаница и превез на „Валентино“ и гумени чизми „Хантер“.

Памела досега судбоносното „да“ го има кажано шест пати. Таа се омажи за Џон Питерс пред една година, но тие поминале само 12 дена во брак. Таа исто така беше мажена за музичарот Томи Ли од метал групата „Motley Crue“, со кого има и два сина.

Instagram
Instagram

Памела исто така беше мажена за друг рокер Кид Рок и за Рик Саломон, најпознат по секс – видеото со Парис Хилтон во 2004 година, со кого се омажи два пати!

Instagram
Instagram

Инаку, актерката објави и дека се повлекува од социјалните мрежи бидејќи не сака да заработуваат на неа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот