Фото: Инстаграм/ EPA

ФОТО | Ова се 10-те најскапи фустани на сите времиња: Заедно чинат повеќе од 110 милиони долари

Во светот на модата, кој постојано се менува, каде што трендовите доаѓаат и си одат, некои креации стануваат симболи на луксуз, достигнувајќи неверојатни цени. „Сотбис“ направи листа на 10-те најскапи фустани во светот.

На прво место е фустанот наречен „Славејот од Куала Лумпур“, дизајниран од Фајсал Абдула од модната куќа Џендела. Неговата вредност се проценува на 30 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luxe Living (@luxe.living.group)

Изработен е од свила и тафт и украсен е со повеќе од 750 дијаманти. Во центарот на фустанот се наоѓа 70-каратен белгиски дијамант, изработен од јувелирот Муавад. Името на овој фустан е инспирирано од песната „Роза и славеј“. Беше претставен на Гран при на модата STYLO во Куала Лумпур во 2009 година, а го носеше актерката Кавита Сиду.

На второ место е венчаница дизајнирана во 2006 година од Рене Штраус и Мартин Кац. Чини 16,2 милиони долари. Содржи 150 карати дијаманти. Беше претставена на шоуто за невести „Lifestyle Bridal Show“ во хотелот „Риц-Карлтон“ во Марина дел Реј, Калифорнија. Влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа венчаница во светот.

Најскапата венчаница во светот – Фото: Pinterest

На третото место е Абаја со црвен дијамант дизајнирана од Деби Вингам. Проценета е на 16 милиони долари. Декорирана е со 2.000 скапоцени камења, а во центарот се наоѓа редок црвен дијамант вреден 7,4 милиони долари.

Абаја со црвен дијамант – Фото: Фејсбук

Има речиси 200.000 рачно изработени детали, а употребен е конец од 14-каратно бело злато. Беше презентиран во хотелот „Рафлс“ во Дубаи во 2013 година.

Следна е венчаницата на дизајнерот Хани Ел Бехаири, вредна 15 милиони долари. Таа содржи повеќе од 120 карати дијаманти. Ел Бехаири поминал 800 часа усовршувајќи ја оваа венчаница за богат клиент од Египет. Креацијата за првпат беше прикажана на Неделата на висока мода во Париз 2020.

На листата е и венчаницата што ја носеше кралицата Летиција од Шпанија, која чини 10,7 милиони долари. Дизајнирана е од Мануел Пертегаз. Изработена е од свила и има рачно извезени цветни дезени од златен конец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella🇫🇮 (@ella_thehistorian)

Во 2006 година, јапонската дизајнерка Јуми Кацура дизајнираше екстравагантна венчаница со 1.000 бели бисери, петкаратен дијамант од бело злато и 8,8 каратен зелен дијамант.
Нејзината вредност е 8,5 милиони долари. Оваа креација, изработена од луксузен свилен сатен, се издвојува со специфична рачна изработка – вез од зари.

Венчаницата на Јуми Кацура Фото: Pinterest

Фустанот што Мерилин Монро го носеше во филмот „Седум години верност“ беше продаден за повеќе од 5,6 милиони долари на аукција во Беверли Хилс во 2011 година. Дизајниран е од легендарниот костимограф Вилијам Травила.

На листата е и фустанот што Мерилин Монро го носеше кога пееше на забавата по повод 45-тиот роденден на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Нејзиниот настап предизвика шпекулации за тоа дали двајцата имале афера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merch Motel (@merchmotel)

Во 2016 година, креацијата беше продадена за рекордни 4,8 милиони долари. Декорирана е со повеќе од 2.500 рачно извезени циркони. Ким Кардашијан ја носеше на Мет Гала во 2022 година.

Фустанот од Аскот што го носеше Одри Хепберн во филмот „Мојата убава дама“ од 1964 година е една од иконските модни креации во историјата на киното. Дизајниран е од дизајнерот Сесил Битон. Беше продаден за повеќе од 4,5 милиони долари на аукција во 2017 година.

Џенифер Лоренс носеше балска тоалета без прерамки дизајнирана од Раф Симонс за Кристијан Диор  на доделувањето на Оскарите во 2013 година.
Фустанот привлече дополнително внимание кога Лоренс се сопна од него додека одеше на сцената откако го освои Оскарот за најдобра актерка за филмот „Silver Linings Playbook“. Креацијата се проценува на 4 милиони долари.

Џенифер Лоренс – Фото: EPA/MIKE NELSON

Она што навистина ги прави споменатите фустани иконски е нивното влијание врз историјата на модата. Секако, дијамантите и бисерите сигурно придонесуваат за нивните високи цени, но инспирацијата зад секој дизајн и нивното трајно влијание ги прават ремек-дела на високата мода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот