ФОТО | Ова е внуката на Ѓорѓи Колозов од Германија, само неа успеал да ја види пред да почине
Само едно внуче дочека легендарниот Ѓорѓи Колозов. Исидора Хениг, ќерката на неговата ќерка Катерина, била бебе кога тој починал, а таа е единствената која станала актерка и тргнала по неговите стапки, како и по стапките на баба ѝ Шенка.
Препорачано
„Исидора Хениг, првороденото внуче на Ѓорѓи Колозов, е единственото внуче што тој имал можност лично да го запознае пред да почине, само неколку месеци по нејзиното раѓање. Иако, за жал, не израснала покрај својот дедо, таа е единствената од неговите потомци што тргнала по неговите стапки. ‘Крвта вода не бидува’, како што вели нашиот народ“, објави на Фејсбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов Горан Марковски, администраторот кој го чува ликот и делото на актерот.
Уште од најрана возраст, Исидора покажала интерес за сцената, учествувајќи во новите продолженија на народните приказни, снимени во чест на нејзиниот дедо, творецот на овој култен серијал. Во нив настапила самоуверено и впечатливо.
Исидора е ќерка на Катерина, постарата ќерка на Ѓорѓи. Нејзиниот татко е Германец, па таа одлучила да го продолжи своето образование и да го гради творечкиот пат токму во неговата татковина – во Берлин, Германија.
На 25 и 26 мај минатата година, таа настапила во улогата на Катерина Минола во „Скротување на фуријата“ од Шекспир, на сцената на Театар Форум Кројцберг во Берлин, како дел од Михаил Чехов Студио – Берлин.
„Нејзините извонредни и впечатливи актерски креации беа наградени со громогласен аплауз! Покрај глумата, Исидора се занимава и со поезија, проза и филозофија, пишувајќи претежно на англиски јазик. На оваа млада и амбициозна актерка ѝ посакуваме многу успех, посветеност и истрајност на нејзиниот пат – да стане наша гордост и уште едно звучно име по кое Македонија ќе биде препознатлива“, пишува Марковски во објавата на Фејсбук.
Откриени детали од животот на Ѓорѓи и Шенка Колозови, еден ден пред нејзиниот 79. роденден


