ФОТО | Ова е Вера: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ сподели фотографија од ќерката
Синот на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ (28) и неговата сопруга Николина пред неполна недела станаа родители на малата Вера. Новопечениот татко со среќната вест се пофали на социјалните мрежи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Алекса сега на својот инстаграм – профил за прв пат сподели фотографија од својата ќерка, со емотивен опис:
„Многу луѓе кои сакаат да покажат и објаснат некому како изгледа светот, ја покажуваат земјината топка, па објаснуваат што е север, југ, континенти и океани… Јас сум обичен тип кој седи на задното седиште кога патува. Ја покажувам оваа фотографија и не објаснувам ништо“- напиша младиот татко споделувајќи фотографија на која неговата сопруга Николина и ќерката Вера мирно спијат.
View this post on Instagram
Алекса и Николина се свршија во Назарет во 2019 година, а судбоносното „да“ го изговорија во јуни годинава во белградскиот храм Свети Сава. Ги венчаше патријархот Порфирије, а моменти од срковната венчавка сподели и мајката на Алекса, Оливера Балашевиќ (63).
Синот на кантавторот го прими орденот во негова чест: Замбија му оддаде почест на Ѓорѓе Балашевиќ


