ФОТО | Ова е Јана, идната снаа на Ѓорге Иванов: Синот на поранешниот претседател најави традиционална свадба

Фото: Принтскрин/ Instagram

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. едноставно тоа го чувствуваш во себе. не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“,  истакна синот на нашиот поранешен претседател, Ѓорге Иванов, Иван Иванов во интервју за емисијата „Бекстејџ“ откривајќи дека ја пронашол својата сродна душа .

Името на неговата вереница е Јана, а како што истакна неговата идна сопруга го освоила со шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција и убавина нормално.

Иван откри и дека кога ќе заврши пандемијата, планираат и голема традиционална свадба…

 

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк