Жил Лелуш, Анаис Демостие, Пјер Салвадори, Пио Мармаи, Вимала Понс, Густав де Керверн и Медлин Бодо на премиерата на „Електричниот бакнеж“ / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

ФОТО | Отворен е 79. Кански фестивал — филмски и модни ѕвезди го преплавија црвениот тепих

Вечерва започна 79. Меѓународен филмски фестивал во Кан, каде што 22 филма се натпреваруваат за „Златната палма“, која ќе биде доделена на 23 мај.

Добитник на почесната „Златна палма“, која беше доделена на вечерашната церемонија, е новозеландскиот режисер Питер Џексон, најпознат по режијата, сценариото и продукцијата на светските хитови – епските трилогии „Господарот на прстените“ (2001-2003) и „Хобит“ (2012-2014).

Питер Џексон / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Меѓу 22-та филма на фестивалот, годинава нема холивудски филмови, а има само еден американски режисер – Ајра Сакс.

Овогодинашното издание на фестивалот официјално започна со церемонија на отворање во Палатата на фестивалите, каде што фотографите ги пречекаа холивудските ѕвезди, режисерите и моделите од целиот свет. Кан уште еднаш го потврдува својот статус како најважен европски филмски настан, но и како неопходна модна сцена.

Гонг Ли и Џејн Фонда / Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Покрај премиерата на филмот „Електричниот бакнеж“, вечерта беше обележана со елегантни кроеви, класичен гламур и серија впечатливи појавувања на црвениот тепих.

Деми Мур / Фото: EPA/CLEMENS BILAN
Претседателот на жирито Парк Чан-вук / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER
Лорен Лафит и Џоан Колинс / Фото: EPA/CLEMENS BILAN
Хајди Клум / Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот