ФОТО | Откачи-закачи: Дикаприо повторно уловен со Џиџи Хадид

Актерот Леонардо Дикаприо и моделот Џиџи Хадид, забележани се на вечера во луксузен ресторан, во Лондон, пишува „Пејџ сикс“.
Пред извесен период, во јавноста се зборуваше за нивната кратка романса, па оваа наводна средба поттикнаа сомнежи кај обожавателите, дали се повторно заедно.
Оскаровецот, на вечерата пристигнал во друштво на својот татко и маќеата, додека Џиџи се појавила сама во ресторанот. Неколку часа подоцна, биле забележани дека одвоено го напуштаат ресторанот.

Леонaрдо за вечерата бил облечен во вообичаена комбинација од црна јакна и панталони, со бели патики, додека Џиџи се појавила во долг, црн капут во комбинација со црн џемпер и тесни панталони.
Според информациите на „Пејџ сикс“, покрај нивната наводна средба во ресторанот, двајцата се забележани и во истиот хотел „Chiltern Firehouse“, во Лондон.

Гласините за врската на Леонардо и Џиџи првпат се појавија во септември минатата година, кога беа видени како се забавуваат заедно.
Инаку, Леонардо е познат по тоа што излегува со жени во нивните раните 20-ти години. Неодамна ја прекина врската со манекенката и актерка Камила Мороне, откако таа наполни 25 години.
Последната романтична врска на Џиџи се случи во 2021 година кога се раздели со Зејн Малик, ѕвездата на групата „Уан Дајрекшн“, со кого ја доби ќерката Каи.