ФОТО | Оскаровката Кети Бејтс откри дека ослабела 45 килограми: Не сум билa толку слабa од факултет
Американската актерка и оскаровка Кети Бејтс (76) се појави на доделувањето на Еми наградите и многумина воодушеви со новата линија. Кети последниве години напорно работи на својата тежина.
Таа зборуваше за „Вараети“ за улогата на Медлин Метлок во телевизиската серија „Метлок“ и вели дека издржливоста потребна за улогата била нејзиниот најголем предизвик. Открила дека слабеењето ѝ помогнало во тоа.
„Одлично ми помогна тоа што изгубив 45 килограми во последните шест или седум години. Мислам дека не сум била толку слаба откако бев на факултет“, рекла таа.
Кога глумеше во серијата „Законот на Хери“ (Harry’s Law) во 2011 година, беше потешка од кога било досега.
„Морав да седам секогаш кога имав прилика. Тешко ми беше да одам. Се срамам што дозволив да излезам толку од форма, но сега имам огромна количина на енергија”, рекла Кети.
Инаку, кариерата на Кети трае повеќе од шест децении. Таа доби различни награди, вклучувајќи ги наградите Еми и Златен глобус и Оскар, кој го освои за улогата на Ени Вилкс во трилерот „Мизерија“ во 1990 година. Таа беше номинирана и за Тони и за БАФТА.
Во неодамнешно интервју таа потврди дека се повлекува по нејзиниот последен проект, телевизиската серија „Метлок“. Таа сакаше да се пензионира порано.