ФОТО | Оптичка илузија што ги излуди луѓето: Гледајте во оваа слика 10 секунди и боите ќе исчезнат!
Кај некои луѓе боите целосно исчезнале, кај други воопшто не се промениле, а кај третите исчезнале само во делот што потсетува на круг околу црната точка. Во тој круг виделе само беж нијанса, додека на останатиот дел од сликата и понатаму јасно ги разликувале различните бои.
Препорачано
Оваа мозгалка беше објавена на профилот Гизмо на социјалната мрежа Икс, со упатство: „Гледај во црната точка 10 секунди и боите ќе исчезнат“.
So apparently this optical illusion makes this picture do something if you stare at it for more than 10 seconds… pic.twitter.com/K1NfSBKeCL
— 🔰 Gizmo (@Gizmo_Tweets) February 9, 2021
Според објаснувањето, благодарение на оваа оптичка илузија, целата слика би требало да стане беж. Гизмо наведува дека причината е во тоа што човечкото око правилно гледа само мал дел од мрежницата.
„За да ја видиме целата слика, мораме благо да го поместиме окото, а потоа мозокот ги ’составува‘ сите елементи во една целина“, стои во објаснувањето.
Илузијата ги вознемири корисниците на мрежите
Сликата им се допадна на илјадници луѓе, а некои ја опишаа како „застрашувачка“, бидејќи кај нив се поделила на два дела – лев и десен – што воопшто не го очекувале.
Се појавија и скептични реакции:
„Боите никако не исчезнуваат, без разлика колку долго гледам“, напиша еден корисник.
Додека едни тврдат дека боите им исчезнале, други не забележале никаква промена, а трети виделе промена само во кружниот дел околу црната точка – таму се појавила беж нијанса, додека на останатиот дел од сликата и понатаму разликувале повеќе бои.
„Кај мене боите избледеа како да исчезнуваат, но не исчезнаа целосно“, додал еден корисник на Икс.


