ФОТО | Од старите тетратки на нашите баби, колач со афионово семе предлог десерт за денес

колач со мак
колач со афион/Printscreen/youtube

Како мала ич не го сакав овој колач. Се нервирав дека ќе ми останат зрнца од макот (афионовото семе) по забите и некако не ми беше вкусен, не ми беше доволно „фенси“.

Е сега, по сто години :), кога и самата си правам колачи дома, најчесто за да имам нешто слатко, а да не е купечко, овој колач ми е онака, спомен од замрсените тетратки со рецепти на баба ми и мајка ми. Едноставен, лесен, вкусен. За со кафе и чај наутро, совршен. Па еве што ви треба за овој колач.

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр шеќер,
1 ќесичка ванилин шеќер
150 мл јогурт
100 мл масло
1 ќесичка прашок за печиво
150 гр брашно
150 гр афионово семе (мак)
рендана кора од лимон
150 гр чоколада за готвење
50 гр путер за глазура

колач со афион/Printscreen/youtube

Подготовка:

Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер, јогуртот и маслото. Настрана во брашното измешајте го прашокот за печиво  и додајте го во изматената смеса, а потоа и афионовото семе и рендана кора од лимон. Добро промешајте го тестото и ставете го во намастен калап за печење. Печете околу 30 минути на 200 степени, а за да проверите дали е печено, можете со чепкалка да го боцнете, ако не остане трага на него – колачот е печен.

Штом ќе се олади, премачкајте го со прелив озгора од стопена чоколада со путер.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот