ФОТО | Од спортски тренери до свештеници педофили: Сексуалните злосторства кои го потресоа светот

Во изминатите години во јавноста излегоа многу скандали за силување и сексуално злоставување, а жртвите после неколку години молчење од страв, проговорија.

Посебно загрижувачки се случаите во кои мажи со години злоставувале девојчиња, а имале толку моќ и авторитет, заради кои поминувале неказнето.

Сепак, некои од нив казната конечно ги стигнала.

Злоставување на гимнастичарки

Во желбата да станат врвни спортистки, девојчињата гимнастичарки напорно работат и тренираат, поминувајќи часови на тренинзи со тренерската екипа. За жал во тие екипи во САД се пронашле и бројни злоставувачи, на кои тие биле препуштени на милост и немилост.

Неодамна биле разоткриени некои од нив. За повеќе од две декади од крајот на 1990-тите години повеќе од 368 лица обвиниле дека биле сексуално нападнати од некои од сопствениците на теретаните, тренери и други членови на гимнастичарските екипи.

Најпознат од тие случаи е оној со докторот на американската гимнастичарска репрезентација.

Фото: EPA/JULIEN WARNAND EDITORIAL USE ONLY

Американската гимнастичарка Мекејла Марони со години била сексуално злоставувана од страна на тимскиот доктор Лери Насар, а Сојузот и платил 1,25 милиони долари за да молчи за тоа. Сепак, таа не можела да го носи сето тоа на душа, па проговорила во декември 2016 година.

Докторот на американската репрезентација заврши зад решетки заради сексуално насилство и над Ели Рајсман и Габи Даглас, додека против него се поднесени дури 125 пријави.

Мекејла Марони поминала низ пекол, бидејќи Насар ја малтретирал од 2008 година, кога таа имала 13 години, се до 2013 година, кога таа ја напуштила гимнастиката. Гимнастичарскиот сојуз на САД пробал се да заташка, па Мекејла потпишала договор со кој се обврзувала на молчење. За тоа Сојузот издвоил 1,25 милиони долари, за да го сочува интегритетот, истакнал адвокатот Џон Менли.

Фото: EPA-EFE/RENA LAVERTY

Откако Мекејла прва проговори, се појавиле и други актуелни и бивши гимнастичарки и бројот на обвинувања за силување и злоставување пораснал на преку 260. Насар е осуден на вкупно 175 години затвор.

Католичка црква

Уште повеќе случаи на злоставување на деца се пријавени против припадниците на свештенството, а особено против католичката црква.

Ширум светот речиси секојдневно се дознава за некој нов случај на силување, а многу свештеници, место казна, најчесто само се преселени во некоја друга парохија.

Еден од најпознатите случаи е криењето на свештеникот педофил во бостонските католички цркви, за што е снимен филмот „Спотлајт“.

Голем скандал изби во 2002 година, кога новинарите на „Бостон Глоуб“ откриле дека надбискупот Бернард Ло и другите бискупи пред него, со децении ги криеле злосторствата на свештениците.

Фото: EPA/FILIPPO MONTEFORTE

Ло во меѓувреме го напуштил местото на надбискуп, но, наместо казна, тој бил унапреден во кардинал. Починал во 2017 година.

Еден од најголемите припадници на црквата, австралискиот кардинал Џорџ Пел бил осуден за злоставување на две деца во 2018 година, но две години подоцна, Вишиот суд на Австралија ја поништи пресудата и му ја укинале казната од шест години затвор.

Во меѓувреме папата Франциск повеќе пати вети дека ќе се искорени сексуалното злоставување во црквата.

Епстајн

Еден од најпознатите светски случаи на силување на малолетници е поврзан со Џефри Епстајн, кој еднаш бил казнет, а сепак продолжил со злосторствата.

Откако со години се зголемувале обвиненијата за Епстајн заради злоставување на малолетници, детективите во Палм Бич конечно реагирале на пријавата на една жена во 2005 година, која го обвинила богаташот „Џеф“ дека сексуално ја вознемирувал нејзината поќерка.

Во 2007 година Епстајн со сојузниот обвинител Акоста склучил таен договор, со кој му се гарантира заштита од кривично гонење, додека Епстајн, од своја страна, признал вина само за наведување на проституција и мамење малолетници. Така тој служеше само 13 месеци затвор, а за тој период секојдневно одел на работа.

Меѓутоа, неколку години подоцна, обвиненијата продолжиле, а се ескалирало во 2015 година кога за сексуално злоставување го обвинила Вирџинија Робертс.

Таа била малолетна, кога Епстајн, заедно со Гилен Максвел, тогашната девојка, ја претвориле во сопствена сексуална робинка, а потоа ја терале на секс со други богати и влијателни луѓе, меѓу кои наводно бил и принцот Ендрју, синот на британската кралица. Потоа многу негови жртви проговорија, од кои многу биле малолетни кога Епстајн ги злоставувал.

Епстајн беше обвинет и приведен, но не ја дочека пресудата бидејќи се самоуби во притвор.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот