Фото: Фејсбук/Инстаграм/Елена Ристеска

ФОТО | Од „Потрага по ѕвезда“ до регионална дива: 23 години од победата што ја лансираше Елена Ристеска

Пред точно 23 години започна музичката приказна на една од најголемите македонски поп-ѕвезди. Елена Ристеска, денес препознатливо име не само на домашната, туку и на регионалната сцена, својата кариера ја започна со победа во шоуто „M2 Плеј – Потрага по ѕвезда“.

Елена Ристеска – Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Елена Ристеска – Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Токму тој момент беше пресвртница што ѝ ги отвори вратите кон професионалната музичка сцена, а публиката за првпат ја запозна со нејзиниот моќен вокал, харизма и сценска енергија. Како круна на таа победа, следеше и нејзината прва песна „Она другото“, со која Елена го означи почетокот на една успешна и долготрајна кариера. По тој повод таа на својата инстаграм-приказна сподели фотографии од настапот на шоуто за таленти и се потсети на почетоците и првата песна со која се претстави пред публиката.

Денес, 23 години подоцна, Елена Ристеска е симбол на континуитет, квалитет и автентичност, со бројни хитови, награди и настапи зад себе. Оваа објава е носталгично потсетување на почетокот на патот кој од една млада надеж создаде музичка ѕвезда што трае и инспирира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот