Матилда Саздова / Фото: Скриншот/Фејсбук

ФОТО | Од Мис на Југославија до сосема различна приказна: Еве што прави денес и како изгледа Матилда Саздова

Слика од Матилда Саздова, која остана запаметена како една од најубавите Македонки, се појави на социјалните мрежи. Нејзината приказна е интересна, а некогашната Мис денес има сосема поинаков живот.

Од Мис на Македонија, Матилда Саздова стана Мис на Југославија и ја претставуваше поранешната држава во 1987 година на 37. издание на Мис на светот, кое се одржа во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон.

Саздова беше омилена кај македонската јавност поради нејзината убавина и грациозност. На „Мис на светот“, таа заврши на 21. место. Потоа, таа беше лице на многу реклами и се појави на бројни насловни страници. Саздова сними и албум со песни на македонски и на српски јазик, а остана запаметена и како водителка на една игра на среќа, која беше доста популарна, а се викаше „3×3“.

Денес таа е успешен лектор и ја задржала убавината и грациозноста по која ја паметиме.

„А, дали сте знаеле дека прекрасната Матилда Саздова има свое музичко издание“, пишува на фејсбук-страницата „ВБУ воскресение 2025“, каде што е објавена обвивката од касетата која ја снимила Матилда, со наслов „Една солза“.


На социјалните мрежи, пред извесно време, се појави нејзина слика со пријателка на ручек, на која некогашната Мис изгледа одлично.

Инаку, Македонија имала две убавици кои во времето на поранешна Југославија ја претставувале земјата на Мис на светот. Едната е Лидија Велковска, која во 1975 година заврши на четвртото место, а другата е Матилда Саздова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот