ФОТО | Од глава до пети: Позната раперка во креација на „Schiaparelli“со 30.000 сваровски кристали
Дамата во црвено ги украде сите погледи на ревијата на модната куќа „Schiaparelli“, дел од Модната недела во Париз. Зад впечатливата креацијата во чија изработка биле употребени 30.000 сваровски кристали се крие ликот на американската раперка, пејачка и продуцентка Доџа Кет.
Препорачано

Сатенскиот корсет заедно со раскошното здолниште со перли и чизмите до колена сигурно не би изгледале необично доколку креацијата не била финиширана со црвена боја за кожа и илјадниците кристали.

Целата глава, раце и деколте се прекриени со сваровски кристали со црвена боја. Познатата раперка на прв поглед била непрепознатлива. Според мејк-ап артистот кој бил задолжен за комплетната трансформација на Доџа, целиот процес траел околу пет часа.

„Соработката со неспоредливо талентираната Доџа Кет беше вистинско задоволство. Нејзината трпеливост да седи 4 часа и 58 минути за оваа креација, додека рачно ѝ ставаа 30.000 Сваровски кристали, беше навистина инспиративна“, изјавил тој за Vogue.
Doja cat getting her makeup done for the Schiaparelli SS2023 Couture show❤️ pic.twitter.com/QbuhquvZJu
— Donny?? (@MuglerMonstre) January 23, 2023
ФОТО | Најпознатата модна инфлуенсерка го облече „голиот“ фустан на Лепа Брена


