ФОТО | Од балканските корени до светот: Сатја Грабулоски изработи уникатна футрола за гитарата на Шон Мендес
Македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски, познат по својот бренд „Swithadot“ и изработката на персонализирани патики, повторно го привлече вниманието на светот – овојпат со креација специјално изработена за светската музичка ѕвезда Шон Мендес.
Препорачано
Футролата за гитара, изработена рачно, носи длабока симболика и инспирација од природата на Балканот, со мотиви кои го претставуваат поврзувањето меѓу човекот, музиката и земјата. Во дизајнот доминира рачно насликан син тон со детали од божур, цвет кој често се поврзува со љубов, сила и автентичност — вредности кои Мендес ги пренесува низ својата музика.
View this post on Instagram
„Од балканските корени до светот“ – со овие зборови тимот на „Swithadot“ ја најави својата најнова соработка, изразувајќи благодарност до Dukagjin Lipa и Sunny Hill Festival за поддршката и вербата во нивната визија.
„Од балканските корени до светот. Нашиот прв дизајн за футрола за гитара, направен токму за Шон Мендес– нешто што воопшто не беше на нашата листа на желби за 2026 година. Дизајнот е инспириран од божурот, симбол на поврзаноста со природата и емоцијата што ја внесува во секој акорд. Футролата е рачно насликана со нијанси на сина боја и завршува со логото и симболите од неговата турнеја.“
Со оваа соработка, Сатја Грабулоски уште еднаш го потврдува својот статус како еден од најиновативните дизајнери од регионот, кој успева преку уметноста и креативноста да ги поврзе Балканот и светската сцена.


