Фото: Instagram / swithadot

ФОТО | Сатја Грабулоски го изненади Новак Ѓоковиќ: Македонскиот дизајнер му испрати уникатни патики на српскиот тенисер

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња, направи нешто неверојатно за Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер доби специјална пратка за време на неговиот настап на Вимблдон 2025 – бели патики „Асикс“ со уникатна рачно насликана уметност од Сатја и неговиот тим од студиото „Swithadot“.

Патиките што Ѓоковиќ ги доби се изработени врз основа на моделот „Асикс Јапан С“ (Asics Japan S), со бела основа и дизајн инспириран од српскиот симбол – двоглави орли обоени во боите на српското знаме. На нив е присутно и симболичното лого „GOAT“ (најдобар на сите времиња), исто како и кај моделите на патики изработени за Роналдо и Леброн Џејмс, а задниот дел е посветен на фондацијата на Ѓоковиќ.

„Создадено во 21 година, конечно доставено до Новак на Вилмблодн 25 година. Уметност што чекаше четири години за да го запознае својот сопственик“, пишува покрај објавата со фотографиите од уникатните патики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)

Грабулоски за „Форбс“ вели дека „тенисот е ново поле на кое планираме да се фокусираме уште повеќе. Моето омилено дело досега е токму парот „OneOfAKindS“ што го направивме за Ѓоковиќ. Тој е уникатен во секој поглед. Овие патики ги направивме во 2021 години, но конечно сега пристигнаа до Новак.“

Сатја Грабуловски му подари на Брајан Адамс јакна од вегански материјал насликана со неговиот лик: „Ја изработувавме 180 часа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот