Фото: Твитер/ ЕПА

ФОТО | Објавени срцепарателни приватни белешки на Ејми Вајнхаус: Задоволна сум што сум различна

Родителите на Ејми Вајнхаус, Мич и Џенис, објавија фрагменти од нејзините приватни белешки, од времето кога таа била тинејџерка, за да го одбележат 40-тиот роденден на покојната пејачка, пишува „Дејли мејл“.

Срцепарателните белешки, даваат увид во нејзините мисли и чувства, во кои пишува дека таа е задоволна што е „различна“ од сите други. Таа, во белешките, се прашувала дали „љубовта ќе ѝ се појави на патот“ и раскажувала каков е партнерот од нејзините соништа.

Фото: Twitter/ The Telegraph

Во извадоците објавени од „Телеграф“, Ејми напишала: „Задоволна сум што сум поинаква. Не сакам да бидам како сите други. Сакам да имам свој индивидуален стил. Сакам да бидам гласна и да им зборувам на луѓето. Таква сум јас“.

Фото: Twitter/ The Telegraph
Фото: Twitter/ The Telegraph

Пејачката искрено напишала и за тоа како се борела со своите чувства. Раскажала дека го мрази својот темперамент. На моменти тоа многу ја мачело, што дури станувла физички насилна со оние што ги сака.

Џенис и Ејми Вајнхаус Фото: Instagram/ janiswinehouseofficial

Родителите на Ејми изјавиле дека ги разгледале сите нејзини работи, откако таа починала и откриваат дека нејзините белешки не пренесувале толку многу мака и беда, како што се очекувало, но го признаваат и нивното ограничено разбирање за нејзината комлексна личност.

Фото: EPA/ANDY RAIN

Ејми  почина  на 23 јули 2011 година во нејзиниот стан во Камден, од труење со алкохол, по прекумерно пиење, по период на апстиненција.

Нејзиниот живот беше исполнет со злоупотреба на дрога и алкохол, комплицирани љубовни приказни, а се бореше и со булимија.

Која е Валери од истоимената песна на Ејми Вајнхаус?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот