ФОТО | Објавени првите фотографии од Цеца и Фута: Откриено на што работат по обновувањето на соработката

Фото: Принтскрин / Јутјуб / Maya Berovic

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот композитор Александар Радуловиќ Фута, инаку сопруг на Марина Туцаковиќ, по подолго време ја обновија соработката.

Имено, Цеца и Фута ги здружија силите за снимањето на дуетската песна „Не рачунај на мене“, која пејачката ја објави со колешката Маја Беровиќ. Инаку, Цеца оваа песна претходно ја изведе со пејачката Мира Шкориќ.

Во спотот се снимени кадри од студиото на кои може да се види и Фута, кој цело време бил таму со нив.

Инаку, Цеца Ражнатовиќ ја сними насловната песна во филмот за Џеј Рамадановски.

Воедно, ова е прва песна на Цеца која ја снимила по шест години.

„Снимена песната за филмот за Џеј! Фута, Марина и јас во нова песна. Нова песна, стари чувства! Едвај чекам да ја слушнете „За крај““, напиша неодамна Цеца.

Фото: Принтскрин / Јутјуб / Maya Berovic

Цеца го слави Св. Никола: Анастасија пристигна на славата, жал ми е што Немања не можеше да дојде

ФОТО | Цеца го смени стилот: Пејачката влегува во 2024 година со нова фризура

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот