Цеца го слави Св. Никола: Анастасија пристигна на славата, жал ми е што Немања не можеше да дојде

Фото: Инстаграм/Цеца/Анастасија Ражнатовиќ

Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца денеска го прославува празникот Св. Никола во нејзиниот дом, пишува „Телеграф“.

По тој повод, членовите на нејзиното семејство и многубројните пријатели пристигнале кај неа за да ѝ ја честитаат славата. И ќерка ѝ Анастасија пристигнала од шпанскиот град Севиља, каде живее со сопругот – фудбалерот Немања Гудељ.

Како и секогаш, Цеца ги испочитувала новинарите, па излегла пред домот и им дала кратки изјави. Прво, таа се осврнала на наследниците на семејството Ражнатовиќ, синовите на син ѝ Вељко.

„Минатата година, Крстан не беше на славата, ова му е прва слава. Господ да ве благослови вас и Илјан следната година, па сѐ е убаво“, открила Цеца и истакнала дека е многу среќна што нејзината ќерка успеала да дојде.

„И Анастасија е тука. Јас сум многу среќна. Жал ми е што Немања не можеше да дојде, бидејќи вечерва има натпревар и многу му е жал. Можеби следната година ќе има можност“, истакнала пејачката, откривајќи дали често ѝ недостига ќерката на семејните веселби.

„Анастасија често ја нема. Навистина недостига… И Немања, но добро, сето тоа им оди во прилог на нивната среќа и тоа е најважно. Вели дека најмногу ѝ недостига мајка ѝ, па сите други, но Шпанија не е далеку, можам и јас да одам“, изјавила Ражнатовиќ.

Еден новинар ја прашал Цеца дали син ѝ планира да ја преземе славата, што видно ја изненадило Ражнатовиќ.

„Ми поставуваш прашања само за наследства, за преземање… Слави момче, што значи преземање? Јас да се повлечам и да седнам во ќош, а Вељко да преземе? Јас не разбирам? Сега е домаќин на славата, тоа е природно, машка глава, слава е“, објаснила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот