Фото: Пекселс

ФОТО | Објавена листата на 50 најубави плажи на светот за 2023 г.: Три се во Грција и една во Хрватска

Порталот „Worlds50beaches.com“ ја објави својата листа на 50 најубави плажи во светот за 2023 година, пренесува српски „Н1инфо“ (n1info).

Нивната листа се базира на природните убавини, просторот, популарноста и активностите на плажата, но се однесува и на чистотата и смиреноста на морето. Гласаа над 750 најпрепознатливи и најискусни светски патописци, новинари и експерти.

Првото место на оваа листа го зазеде плажата „Lucky Bay“ во Австралија , сето тоа поради чистиот песок, тиркизната вода и популацијата на многу пријателски расположени кенгури.

„Lucky Bay“ – Фото: Инстаграм/ discoverlist

На второто место се најде „Anse Source D’Argent“ на Сејшелите.

„Anse Source D’Argent“ – Фото: Инстаграм/ bellesaventures

На деветтото место е плажата „Navagio“, на Закинтос во Грција, која е позната по потонатиот, напуштен брод, а за која беше најавено дека годинава ќе биде затворена за туристи поради опасност од лизгање на земјиштето.

„Navagio“ – Фото: Инстаграм/navagiobeach_zakynthos

На 32. место се најде плажата „Mirtos“, која се наоѓа на островот Кефелонија во Грција. Како што велат, оваа плажа е позната по чистата вода и неверојатната природна убавина.

„Mirtos“ – Фото: Инстаграм/ molon_federico

Третата плажа од Грција која се најде на оваа листа е прекрасната плажа „Balos“ која се наоѓа на Крит. Во екот на сезоната може да биде многу посетен, па се препорачува да останете таму до зајдисонце, кога ќе се случи вистинската магија.

„Balos“ – Фото: Инстаграм/ visit_crete_guide

Во оваа листа се најде и една хрватска плажа. Станува збор за плажата „Pasjača“ во Конавле, која го зазеде 39. место на оваа престижна листа.

„Pasjača“ – Фото: Инстаграм/ skrz.cz

Целата листа на плажи погледнете ја овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот