Грејс Ричардсон, Мис Англија - Фото: Инстаграм

ФОТО | Новата Мис Англија е првата геј личност со оваа титула: „Горда сум на себе“

Дваесетгодишната студентка Грејс Ричардсон стана првата Мис Англија која јавно се изјаснила како геј. Таа призна дека воопшто не ја очекувала победата. По титулата Мис Лејчестершир во 2024 година, Ричардсон и годинава се пријави на изборот, освојувајќи ја титулата Мис Ист Мидлендс. Со сигурни настапи постепено напредуваше на натпреварот, а во финалето во „Гранд Стејшн“ во Вулверхемптон беше крунисана за Мис Англија, пренесува „Би-би-си“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grace Richardson (@grace.richo)

„Не очекував дека ќе бидам тоа јас. Имаше толку многу неверојатни девојки во најдобрите 12 и навистина верувам дека сите заслужуваа победа“, рече таа.

Ричардсон зборуваше и за тоа дека пред пет години била мета на врсничко малтретирање во училиштето, откако се изјаснила како лезбијка.

„Се чувствувам моќно и горда сум на себе. Мојата приказна за авторазоткривање не беше најлесна. Моите најблиски пријатели и семејството многу ме поддржуваа, но врсниците во училиштето не беа како моето семејство“, изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss World (@missworld)

Додаде дека долго ѝ било тешко да се прифати себеси во средина која не ја прифаќала.

„Можноста да ја претставувам Англија на вакво престижно натпреварување и следната година да одам на Мис Свет ми изгледа како рушење бариери и очекувања што ми ги наметнаа врсниците. Особено е важно што можам да ја споделам мојата приказна и да претставувам дел од заедницата кој досега не бил видлив на овој начин“, вели Ричардсон.

Таа смета дека е клучно младите од ЛГБТК-заедницата да гледаат луѓе кои ги претставуваат во сите сфери на животот.

„Не видов никој на изборите за убавина да зборува за сексуалноста на начинот на кој тоа јас го правам, па затоа ми е важно тие да се почувствуваат видени“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот