Девојка во костим за капење / Фото: Konstantin Mishchenko / Pexel

ФОТО | Подобро да сте голи: Новата колекција костими за капење за лето 2025 година ја шокираше јавноста! 

Украинскиот бренд „ТТСВТРС“, познат по облеката што создава илузија на тетовирана кожа, лансираше нова колекција костими за капење, идеална за сите оние што планираат летен одмор „во последен момент“.

Новото издание, како што наведуваат во соопштението за медиумите, ја имитира „голата кожа, тетоважите и различните нијанси на исончаниот тен“.

 


Колекцијата доаѓа во две варијанти на бои што имитираат исончен тен: „Копенхаген“ (Copenhagen), посветла верзија, и „ЛА“ (LA), која го претставува потемниот тен.

Во понудата се наоѓаат едноделни костими за капење и бикини, а двата модели се дизајнирани да се стопат со телото и да создадат впечаток на втора кожа.

Специфичноста на овие костими за капење се рефлектира во мотивите на тетоважите. Тие се создадени во соработка со уметници како што се: Лонг бој, Масимо и Бургерким.

 


Силуетите се осмислени за верно да ги копираат уметничките дела директно на телото, а самата колекција го следи начинот на кој кожата постепено потемнува на сонце.

Придружната кампања ја истражува идејата за цензура. Преку провокативни пози и визуелност, брендот си поигрува со општествените норми и ги испитува границите на слободата на изразување.

Моделите на костими за капење се достапни на официјалната веб-страница на брендот „ТТСВТРС“ .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот