ФОТО | Нова улична уметност во Англија: Бенкси ти ли си?

бенкси улична уметност
ФОТО: Инстаграм

Неколку дела на уличната уметност најверојатно создадени од таинствениот графити уметник Бенкси се појавија во Источна Англиа(област во Англија).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom (@tommyal)

Нов модел на минијатурна штала, за кој се чини дека е потпишан од уметникот, беше пронајден во туристичката атракција, рекреираното село – Меривал во Грејт Јармут, Норфолк, во неделата наутро. Графити во стилот на Бенкси се појавија и во петокот на улицата Адмиралти, во Горлстон и во Ултон Брод и Лаустофт во Сафолк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @rich76

На делата сè уште не им е потврдена автентичноста

Прво забележано од посетител, новото дело е модел на штала, на која е прикажан мал глодар што се чини дека стои на дрвено тркало поставено покрај шталата. Напишано е „Вложи многу или оди дома“.

Објава на „Фејсбук“ страницата на атракцијата вели „меѓу нашите мали викендички се најде модел што го немавме видено досега“ и „изгледаше како да го украсувале вандали. По внимателен преглед, го видовме познато име на уличната уметничка сцена…“.

Сопственикот Френк Њусом за „Би-Би-Си“ изјави: „Тоа не е една од нашите викендички. Некој ја донесол. Јас сум лаик, но го побаравме на „Гугл“ и изгледа вистински, затоа сега се обидуваме преку веб-страницата на Бенкси да утврдиме дали е или не е“.

Друго уметничко дело забележано во Герт Јармут прикажува луѓе кои танцуваат на постојка за автобус, додека во Горлстон се појави грабнувачки кран во забавен аркаден стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Hodges (@kykaree)

Дел од уметничкото дело во паркот Николас Еверит, Ултон Брод, во близина на Ловестофт, беше отстранет во неделата поради стравувања од поплави. На него се прикажани три деца, кои  стојат во мал чамец сместен под сликата(сега веќе отстранет).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laurent (@_laurentb)

Друго уметничко дело беше забележано на ѕид пред поранешната продавница „Лоустофт Електрик“ на Лондон Роуд, на која се гледа дете до дворец со песок.

Тој обично презема одговорност за делата преку објави на неговиот профил на „Инстаграм“ и веб-страница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy)

Експертот за Бенкси, професор Пол Гоф, директор и вицеканцелар на „Универзитетот за уметности во Борнмаут“, рече дека е „прилично сигурен“ дека делата се на Бенкси или „многу добри фалсификати“ и дека уметникот „очигледно ужива во престојот во Источна Англиа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот