Тренерката на Мадуро - Фото: Икс

ФОТО | Нов моден тренд: Тренерката на Мадуро го освои интернетот, сите ја пребаруваат на Гугл

Пребарувањата на „Најк Тек Флис“ (Nike Tech Fleece) тренерката на Гугл драстично пораснаа откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, беше фотографиран во неа по апсењето.

Мадуро – Фото: Truth social

Иако апсењето предизвика глобална политичка дискусија, корисниците на социјалните мрежи веднаш се фокусираа на неговата облека. Според Гугл Трендс (Google Trends), пребарувањето на поимот „Најк тек“ (Nike Tech) експлодираше откако американскиот претседател Доналд Трамп ја сподели фотографијата на својата платформа Трут Соушал.

Гугл пребарувања за „Најк Тек“ по апсењето на Мадуро – Фото: Принтскрин/ Google Trends)

Тренерката е дел од „Најк Тек Пак“ (Nike Tech Pack) колекцијата и е на продажба од 2013 година. Коментарите на социјалните мрежи се забавни и саркастични:

„Каква реклама за Најк!“

„Сопствениците на Најк со задоволство триеја раце“

„Оваа колекција е постара од брковите на Мадуро“

Инаку, Белата куќа, односно административниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп, се обидува на секој начин да се потсмева на венецуелскиот претседател, а во оваа прилика споделија видео на официјалните канали. Имено, во снимка што трае околу 25 секунди, Белата куќа прикажа еден од претходните говори на Николас Мадуро во Венецуела, во кој тој директно им се обраќа на Американците.

„Дојдете да ме земете. Ќе ве чекам во Мирафлорес. Не чекајте долго, кукавици“, рече Мадуро за време на говорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот