ФОТО: Нов голем чекор во животот на Камерон Диаз и Бенџи Маден – По раѓањето на ќеркичката, се подготвуваат за селидба

Фото: Профимедиа

Актерката Камерон Диаз која реши да му стави крај на актерството и да им се посвети на некои други животни радости, со сопругот Бенџи Маден е подготвена на нов чекор. По венчавката, а потоа и по раѓањето на нивната ќеркичка Радикс, сопружниците се подготвуваат за голема селидба.

На Холивуд одамна му кажа збогум, им се посвети на домашните работи, на сопругот Бенџи Маден за кој се омажи во 2015 година, а потоа на крајот на минатата година стана и мајка. Камерон Дијаз денес живее сосема нов и поинаков живот отколку во последните 20 години колку што беше присутна во филмскиот бизнис.

Освен тоа, со пријателката купи винарија и започна производство на сопствено вино, а во последните недели изгледа дека одлучила да му се „фрли“ и на готвењето. Меѓутоа, тоа не се единствените новости во животот на убавата поранешна актерка.

Фото: Инстаграм

Камерон Диаз и музичарот Маден се подготвуваат наскоро за голема селидба. Од куќата во која моментално живеат, тие ќе се преселат во нова луксузна вила во Беверли Хилс, за која наводно издвоиле повеќе од 14 милиони долари.


Имотот кој го купиле се простира на површина поголема од 800 квадрати, а на тричленото семејство би требало да му го обезбеди целиот потребен простор, но и нешто повеќе во случај за можно проширување на семејството кое не е исклучено.

Фото: Профимедиа

Беспрекорно уредената вила зрачи со свежина, светли тонови и скап мебел, но сигурни сме дека Диаз на сето тоа ќе му стави и сопствен печат и ќе внесе малку и од својот стил.

Фото: Профимедиа

Во вилата се наоѓаат дури 10 спални соби и исто толку бањи. Неколку дневни соби, голема и пространа кујна со трпезарија и неверојатен излез кон задната градина, која е идеална за мали или поголеми собири.

Како и секоја вила на Беверли Хилс, и оваа има базен, теретана, игралиште и неколку гаражи.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот