ФОТО: Никогаш повозбудлив, Македонија во култниот албум на „Панини“!

Фото: facebook.com/panini.makedonija

Како што е веќе познато, македонската фудбалска А репрезентација за првпат во својата историја во сениорска конкуренција ќе настапи на едно Европско првенство.

А воедно за нас уште поинтересно бидејќи во албумот „Панини“ ќе се најдат и нашите најдобри фудбалери.

Денеска порано од најавуваното, веќе во продажба е албумот на „Панини“ за ЕВРО 2020, поточно во продавницата за странски списанија „Свет“ на ул. „Максим Горки“ во самиот центар.

И ФФМ го споделува овој возбудлив момент, секако и порано се собирале албуми од европски и светски првенства, но никогаш во нив немало сликички од нашата селекција.

– Среќно детство! Новиот албум на Панини никогаш повозбудлив. МАКЕДОНСКАТА репрезентација во култниот албум за прв пат отпечатен во 1970. Повторно чувствувајте се како дете! Тоа е магијата на „Панини“ – пренесува официјалната фејсбук страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија.

За утре (сабота, 3 април) се очекува во поголем број продажни места во Скопје да биде достапен албумот, а во текот на идната недела ќе продолжи со интензивна дистрибуција низ целата држава.

Информациите велат дека албумот чини 80 денари (со истиот добивате и едно пакетче сликички гратис), додека едно пакетче чини 40 денари, а во него има по пет сликички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот