ФОТО | Никогаш не е доцна: Пензиониран психијатар на 95 години стана магистер по филозофија

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пензиониран психијатар на 95 години го собори рекордот на Универзитетот Кингстон, како најстариот човек кој добил диплома на тој универзитет. Имено, д-р Дејвид Марџот го собори претходниот рекорд поставен во 1994 година, на студент кој дипломирал на 93 години,  пишува „Би-би-си“.

Д-р Марџот, која стана магистер по модерна европска филозофија, вели дека студирањето било напорна работа за него, бидејќи неговата меморија не е како порано.

Фото: Instagram / bbc

„Имав среќа да имам наставници од светска класа и тоа беше многу позитивно искуство. Мислам дека е важно секогаш да се предизвикувате себеси дури и додека стареете“, вели Марџот.

Тој го слушаше курсот за да го задржи својот ум окупиран со нови информации, откако починала неговата сопруга по 65 години заеднички живот. Д-р Марџот сега размислува да се пријави и за докторат со скратено време, кој би го завршил на 102-годишна возраст.

„Знаев дека сум ограничен со време, па кога видов оглас за курс што беше локален за мене, решив да се пријавам“, вели пензионираниот психијатар.

Фото: Принтскрин / Твитер

„Персоналот и студентите беа толку трпеливи кон мене. Тоа беше прекрасен курс… па, ми беше чест да ја добијам оваа диплома и да бидам дел од таков фантастичен универзитет“, додава тој.

Инаку, д-р Марџот, кој се квалификувал како доктор во 1952 година, вели дека влегувањето во образованието по неколку децении е „малку како коцкање, но ако сте заинтересирани, тогаш не се откажувајте“.

Фото: Instagram / bbc

Д-р Стела Стенфорд која му предаваше на д-р Марџот и беше неговиот ментор на дисертацијата, вели дека Марџот имал славна кариера и поради тоа донел богато знаење и искуство со него во дискусиите на часовите.

„Знаеме дека различноста во училницата прави побогати и поинтересни дискусии и не смееме да заборавиме дека тоа ја вклучува и генерациската различност“, вели Стенфорд.

Д-р Марџот, кој живее во Сари, Југоисточна Англија беше придружуван од неговиот син и зет на церемонијата на дипломирање во театарот Роуз во Кингстон, Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот