Колинда Грабар-Китаровиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Никогаш не била послаба! Колинда Грабар-Китаровиќ во луксузен стајлинг го честиташе Божиќ

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ сè појасно наметнува нов стандард – дека грижата за себе, енергијата и модната храброст можат да дојдат со текот на годините.

Благодарение на впечатливите и внимателно одбрани модни изданија, Колинда Грабар-Китаровиќ сè почесто се издвојува како модна инспирација за жените кои ја поминале 50-тата година.

Таа им го честитала Божиќна сите што го слават, а модната комбинација што ја избрала во таа пригода предизвикала вистинска лавина од коментари.

„Мирен, благословен и среќен Божиќ на сите од Загреб!“, напишала Колинда покрај фотографијата.

Колинда облекла животинскиот дезен врз животинскиот дезен – потег што многумина го сметаат за исклучително смел, но кој таа го изнела со леснотија.

 

Откако се посвети на себе и на своето здравје, Колинда изгледа подобро од кога било. Таа видливо ослабе, но уште позабележителна е новата енергија и полетноста што зрачат од неа. Токму оваа комбинација од самодоверба, насмевка и моден ризик прави нејзиниот изглед да предизвикува големо внимание.

Стајлингот го комплетирала со темнокафеави чизми, додека косата ја собрала, дополнително нагласувајќи го лицето и насмевката, што, според нејзините следбеници, бил „најдобриот моден детаљ“.

Коментарите под објавата се нижеле еден по друг – многумина истакнале дека „никогаш не изгледала толку витко“, додека други ја пофалиле за нејзината храброст и самодоверба.

Едно е сигурно: Колинда Грабар-Китаровиќ уште еднаш покажа дека стилот не зависи од возраста, туку од ставот – а нејзиниот став ги освојува и модните критичари и социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот