ФОТО | Необичен миленик во Белгија: Спасиле младенче од дива свиња, денес тоа има 80 килограми и живее во нивната куќа

Фото: Фејсбук/Грегори Гио

Брачен пар од Белгија спасиле младенче од дива свиња, животно кое и ден-денес живее во нивниот дом, пишува „Ројтерс“.

Додека ловел со своите кучиња, Грегори Гио нашол младенче од дива свиња и решил да го задржи, прво привремено.

Една година подоцна, необичниот миленик Оскар тежи 80 килограми и сè уште живее во нивната куќа – со сопствена софа, перници и ќебе.

„Не планиравме да го задржиме овде, туку да го спасиме и потоа да го ослободиме, но се приврзавме со него“, изјавила сопругата на Гио, Тифани Пјер.

Оскар бил однесен на фарма за дресура, каде одбивал да јаде и неговите сопственици морале да го земат.

Сосема нормално, животното има голем апетит, па понекогаш се случува да изеде некој предмет во домот. Но, тој внимава на хигиената и знае како да ги предупреди неговите сопственици дека има физиолошки потреби, со цел да го пуштат надвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот