ФОТО | Не сакала да пие вода: Ја оперирале два часа и ѝ извадиле 300 камења од бубрегот

Лекарите во Тајван морале да отстранат повеќе од 300 камења во бубрегот од 20-годишна девојка која страдала од хронична дехидратација поради консумирање чај со меурчиња.

Ксијао Ју била примена во болницата „Чи Меи“ во Тајван во декември 2023 година поради треска и силна болка во долниот дел на грбот. Ултразвукот открил стотици камења во нејзиниот отечен десен бубрег, со големина од пет милиметри до два сантиметри, пишува „Индепендент“.

Ју признала дека со години избегнувала вода и наместо тоа пиела овошни сокови, чаеви со меурчиња и алкохол, што резултирало со хронична дехидратација и наталожување на минерали во нејзините бубрези. Лекарите ја оперирале два часа и наводно извадиле околу 300 камења од бубрегот.

Девојката подоцна закрепнала и била отпуштена од болница.

„Внесот на вода е клучен за разредување на минералите во урината. Ако на телото му недостига вода, минералите во урината лесно може да се концентрираат, зголемувајќи го ризикот од формирање на камења“, објаснил д-р Лим Чие-јанг, хирургот кој го извршил овој зафат.

Според д-р Лим, 9,6 отсто од тајванската популација ќе има камења во бубрезите во некоја фаза од нивниот живот, при што мажите трипати повеќе имаат шанси да развијат камења во бубрезите отколку жените. Тие обично се развиваат кај луѓе на возраст меѓу 50 и 60 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот