Виторија Черети / Фото: Инстаграм/Виторија Серети

ФОТО | Не остави на фантазијата – девојката на Леонардо Дикаприо се појави во проѕирен фустан на забава за Мет гала

Бројни светски ѕвезди се собраа во пресрет на Мет гала во Њујорк, а еден од настаните пред главната модна вечер на годината беше и забавата организирана од милијардерот Џеф Безос и неговата партнерка Лорен Санчез.

На забавата пристигнаа познати убавици како Кендал Џенер, Георгина Родригез, Брукс Надер, како и тениските легенди Серена и Винус Вилијамс.

Сепак, италијанската манекенка Виторија Черети беше во центарот на вниманието со својот моден избор.

Имено, 27-годишната убавица носеше впечатлива црна проѕирна тоалета со цветни детали, дело на модната куќа „Шанел“. Под фустанот се гледаа само гаќичките, бидејќи Черети одлучила да не носи градник. Креацијата имаше длабоко ве-деколте и долен дел со драматични волани, што дополнително ја истакнуваше нејзината фигура.

Изгледот го надополни со едноставна брановидна фризура и суптилен мејкап, а во раката носеше црна „клач“ чанта.

Сепак, не остана незабележано дека на забавата пристигнала сама и, како што забележаа некои, без многу ентузијазам, додека нејзиниот партнер, актерот Леонардо Дикаприо, не присуствувал на настанот. Черети и ди Каприо се во врска повеќе од две и пол години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот