ФОТО | Најтажната принцеза Шарлин конечно ги виде своите деца!
Принцезата Шарлин од ноември е хоспитализирана во приватна болница во Швајцарија, а во најголема тајност беше организирана средба со нејзините седумгодиши близнаци.
Препорачано
Ден пред Бадниковата вечер, (23 декември, пред Католичкиот Божиќ), ВИП возило се упатило кон швајцарските Алпи, каде принцот Алберт и малите Жак и Габриела тргнале кон болницата. Кога стигнале, малите наследници имале огромни насмевки на лицата – конечно по пет недели се виделе со својата мајка.

Близнаците ѝ подарија на мајка си цртежи кои самите ги изработиле, а потоа заедно ручале и пееле, но и кажале заедничка молитва. По четири часа дружење, Шарлин морала да се раздели од нив. Тие се видоа уште еднаш на 2 јануари, исто така во тајност.
Бидејќи се работи за болест која не е само физичка, додека терапијата да делува, Шарлин не смееше да прима посети од никого, а фокусот на лекувањето е да си ја врати силата. Откако добила подобри резултати, можеше конечно да се види со своите деца и сопругот.
Принцезата Шарлин, далеку од Монако му ја честитала 10-годишнината од бракот на Алберт
Вистината конечно откриена: Принцезата Шарлин не се враќа во Монако поради компликации по операциите


