ФОТО | Најскромната кралица во светот: Никогаш не ни сонувала за круната, а сега владее со најсреќната земја!

Фото: Профимедиа

Нејзиниот живот потсетува на бајка, но Џетсун стои со двете нозе цврсто на земја и поради тоа сите ја обожаваат…

Кралицата на Бутан – Џетсун Пема (25) е најмладата кралица во светот која медиумите ја нарекуваат „Кејт Мидлтон од Хималаите“, а ги воодушеви жителите на оваа мала држава со својата убавина и скромност.

Џетсун живее во скромна колиба со сопругот, кралот Џигме Кесар Намгиел Вангчук и таа не заминала на меден месец, туку пешачела низ Бутан и ги запознавала луѓето.

Младата кралица, која неодамна го роди првото дете, е родена во семејство кое било поврзано со кралското семејство, но била без титула.

Нејзиниот татко Дондуп Ѓалтшен, пилот во Друк Ер, е полубрат на поранешната кралица. Исто така, нејзината мајка Сонам Чук потекнува од старо аристократско семејство. И нејзината сестра Џетсо Ламо е омажена за братот на кралот, принцот Џорџ Вангчук.

Џетсун се школувала во Индија, каде уживала во кошарката и сликањето, а редовно освојувала и награди на натпреварите за дебата и говорништво. Течно го говори хинду јазикот, англискиот и џонгка јазикот, официјалниот јазик на Бутан. Сепак, таа стои цврсто со двете нозе на земјата.


„Таа не фантазира. Мислам дека никогаш не ни сонувала дека ќе стане кралица“, изјави еден нејзин поранешен професор.

Студиите за меѓународни односи и психологија ги завршила во Велика Британија. Се верила со кралот кога имала само 21 година и со тоа предизвикала многу полемики, бидејќи младиот пар со тоа прекршил неколку протоколи и решил да ја откаже традицијата на договорен брак. Тие прекршиле уште едно правило – живееле заедно пред да се венчаат.


Нивната љубовна приказна навистина потсетува на бајка. Парот се запознал на семеен пикник кога Џетсун имала седум, а тогаш идниот крал 17 години. Тој тогаш клекнал пред неа и и рекол дека би сакал таа некогаш да биде негова жена. „Кралот змеј“ како што го нарекува народот, станал монарх во 2006 година. Тој одлучил на круната да и ја одземе апсолутната моќ и да ја вклучи демократијата во уставната монархија. Се венчал со Џетсун истата година кога и Вилијам и Кејт, но нивната церемонија била сосема поинаква.

Тоа било петчасовна будистичка церемонија во тврдина од 17-от век, а невестата носела традиционална носија. Интересно е дека во Бутан е дозволена полигамијата, а неговиот татко го искористил тоа за да ожени дури четири жени. Меѓутоа, младиот крал одлучил Џетсун да биде негова единствена жена. Таа неодамна му роди и наследник…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот