ФОТО | Најомразената жена во Холивуд денеска го слави 40-тиот роденден: Му го загорчи животот на Џони Деп, сега се крие во Шпанија
Холивудската актерка Амбер Херд денеска го слави 40-тиот роденден, а нејзиниот живот и кариера последните години повеќепати беа во центарот на вниманието, најмногу поради нејзиниот бурен однос со нејзиниот тогашен сопруг, холиудскиот актер Џони Деп.
Препорачано
Херд ја започна кариерата во средината на 2000-тите, појавувајќи се во помали филмски и телевизиски улоги, а популарност ѝ донесоа улогите во „Pineapple Express“ и „The Rum Diary“. Токму на снимањето на вториот филм во 2010 година го запозна Џони Деп, со кого набрзо започна врска.
Двојката се венча во 2015 година, но бракот не потраја. Веќе во 2016 година Амбер поднесе барање за развод, обвинувајќи го за семејно насилство. Разводот беше финализиран истата година со спогодба во која Херд доби пари.
Меѓутоа, Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета затоа што таа тврдеше во есеј што го напиша во декември 2018 година за „Вашингтон пост“ дека е жртва на семејно насилство. Иако не го именуваше Деп, тој побара отштета од дури 50 милиони долари. На почетокот на јуни 2022 година, заврши една од најекспонираните судски постапки, која се следеше во живо.
Судот на крајот пресуди во корист на Деп, заклучувајќи дека тврдењата на Амбер се неосновани и клеветнички. Беше одлучено дека Амбер мора да му исплати на својот поранешен сопруг 15 милиони долари отштета. На крајот, тие се спогодија и таа плати околу еден милион долари, а адвокатите на Деп рекоа дека оваа сума е донирана за хуманитарни цели.
Откако беше разоткриена, Амбер Деп повеќе никој не сакаше да ја ангажира во Холивуд, па со својата партнерка се пресели во Шпанија. Херд живее помирен живот во Мадрид, далеку од рефлекторите што со години го следат нејзиниот приватен живот и се посвети на мајчинството. Во 2021 година, таа го објави раѓањето на ќерката Уна, а во мај минатата година откри дека добила близнаци.

– Овој Ден на мајките 2025 година ќе биде ден што никогаш нема да го заборавам. Оваа година сум неизмерно среќна што го прославувам комплетирањето на семејството за кое напорно работев со години. Денес со задоволство објавувам дека во семејството Херд донесов близнаци. Мојата ќерка Агнес и синот Оушн ми ги исполнуваатт рацете (и срцето) до врв – истакнала таа.



