ФОТО | Најдобрите македонски кошаркари се во Орадеа за дуелот против Романија
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација е во романскиот град Орадеа каде во среда навечер ќе играат против Романија во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар.
Препорачано
Нашите најдобри кошаркари ги оставија зад себе случувањата на синоќешниот натпревар против Унгарија, одигран во Солнок, во кој бевме убедливо поразени од домашната селекција.
А по нешто повеќе од два часа возење, сениорите дојдоа во Орадеа каде ќе го играат третиот меч од мундијалските претквалификации.
Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторот Марјан Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во романскиот град.
Со оглед на присутниот замор во екипата, извесно, ќе биде намален бројот на планираните тренинзи. Па така наместо двата утрешни тренинзи, ќе биде одработен еден „централен“, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.
Планиран е и еден (утрински) тренинг, на денот на одигрување на натпреварот во Арената „Орадеа“, кој ќе се игра на 13 август, со почеток од 18.00 часот.

Илиевски по поразот од Унгарија: Реалноста е искуството кое сè уште не постои кај нас


