Марјан Илиевски/фото: kfsm.mk

Илиевски по поразот од Унгарија: Реалноста е искуството кое сè уште не постои кај нас

Помешани чувства имаше селекторот Марјан Илиевски, селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, по поразот од Унгарија кој на крајот беше и убедлив во рамките од претквалификациите за Светскиот куп 2027.

– Очекував натпреварот да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз – вели Илиевски.

Има и други работи за анализирање на играта во овие 40 минути кои нашата селекција ги прикажа во мечот со Унгарија:

– Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Унгарија поседува квалитет и беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка – се зборовите на Илиевски.

Има место и за некои моменти на задоволство кај Илиевски:

– Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме, во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата. Јас им давам поддршка на играчите, тие даваат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство. Меѓутоа, сето она кое ќе следи е реалност, а таа реалност е искуството кое сè уште не постои кај нас – кажа Илиевски по мечот во Солнок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот