ФОТО | Најбараната манекенка на светот има ново момче: Шведски претприемач кој е 18 години постар од неа
Дали е на повидок нова романса во светот на славните? Како што објавуваат странските медиуми, има сè повеќе знаци дека светскиот топ модел Кендал Џенер се заљубила во шармот на поранешниот шведски спортист, сега претприемач. Имено, станува збор за Бен Горхам, претприемач и основач на познат бренд на парфеми.
Препорачано
View this post on Instagram
Кендал и Бен биле забележани како уживаат во популарното кафуле „Архитектура книжарница“ во Лос Анџелес оваа среда.
View this post on Instagram
Меѓутоа, ова не е првпат да бидат видени заедно. Уште во септември, папараците ги снимиле како разгледуваат книги во продавница во Западен Холивуд, што било нивно прво заедничко појавување во јавноста.
View this post on Instagram
Бен Горхам е шведски претприемач с0 индиско-канадско потекло.
Неговиот професионален пат е многу интересен бидејќи од некогашен професионален кошаркар, денес стана уште попознат како основач на луксузниот бренд „Биредо“.
По студиите на ликовни уметности, бил заинтригиран од светот на парфемите и соработувал со врвни парфимери како Жером Епинет за да создаде култни парфеми. Денес е познат по својот револуционерен пристап кон индустријата за убавина.
View this post on Instagram
Кендал Џенер, од друга страна, претходно беше во врска со Хари Стајлс и Бед Бани, но никогаш не зборуваше премногу за тоа, па изгледа дека нема да се огласува ниту сега.
View this post on Instagram


