Фото: Инстаграм/Милена Радуловиќ

ФОТО | На ниво на светска ѕвезда: Милена Радуловиќ блесна на Берлинале во креација на српска дизајнерка

Српската актерка Милена Радуловиќ се појави на црвениот тепих на 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал, носејќи елегантна креација од српската дизајнерка Марија Тарлаќ.

Иако годинава нема свое филмско остварување на фестивалот, таа беше специјална гостинка на модниот бренд „Армани“, чиј заштитен лик е во Србија.

Фото: Инстаграм/Милена Радуловиќ

Радуловиќ, која глуми на четири јазици – српски, англиски, руски и шпански, наскоро ќе ја гледаме во главната улога во српско-шпанската серија „Белег“ („Cicatriz“).

Фото: Инстаграм/Милена Радуловиќ

Во разговор за „Курир“, таа откри дека е задоволна од насоката во која ѝ се движи кариерата.

„Се чувствувам добро во својата кожа. Остварив една од моите најголеми желби – да добијам значајна улога и да влезам на шпанскиот пазар. Се трудам самата да ги остварам своите соништа“, изјави таа.

Радуловиќ неодамна го прослави 30-тиот роденден, а приватно е во врска со музичарот Огњен Јанковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот