ФОТО | На хрватски квиз натпреварувачка не знаеше кој е Тоше Проески: Изгуби голема сума пари!

Морана Зибар/Тоше Проески/Printscreen
Морана Зибар/Тоше Проески/Printscreen

Во хрватскиот квиз „Potjera“, една од натпреварувачките изгуби во завршната потера од тројцата натпреварувачи во последните секунди.

Морана Зибар, на која и беше поставено прашањето за Тоше Проески, не успеа да го даде точниот одговор.

„Споменикот на пејачот во Нова Градишка малку личи на Рик Астли, малку на Тома Здравковиќ?“ – гласеше прашањето, на кој точен одговор е Тоше Проески, но Морана се збунила.

„Не знам“ – викнала натпреварувачката, а останатите го понудиле точниот одговор и заработија куп пари.

За споменикот на Тоше Проески, кој беше поставен во октомври годинава, се кренаа лавина од коментари. Статуата е направена од вајарот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа важни политички личности, какои градоначалниците на Нова Градишка и Крушево.

Откривање на споменикот на Тоше/Printscreen/Index.hr
Откривање на споменикот на Тоше/Printscreen/Index.hr

Официјалното откривање на споменикот беше жестока тема во јавноста, бидејќи според корисниците на социјалните мрежи сметаа дека тој воопшто или многу малку личи на никогаш прежалениот пејач.

Тоше трагично го загуби својот живот на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка.

ФОТО | Хрватите реагираат за споменикот на Тоше: Срамота, ниту Македонците не би го препознале!

Тоше Проески доби споменик во Хрватска во близина на местото каде што трагично го загуби животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот