Тоше Проески доби споменик во Хрватска во близина на местото каде што трагично го загуби животот

Споменик на Тоше Проески во Нова Градишка/ Фото: ЕПА

Во Нова Градишка денеска беше откриен споменик на легендарниот Тошe Проески. На свеченото откривање на споменикот на скулпторот Славко Буниќ, присуствуваа Милаим Фетаи, амбасадорот на Северна Македонија, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.

„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му“, изјави Христовски.

Водечка мисла беше дека камената фигура на Тоша потсетува на времето кога заедно се радувавме и уживавме во песните кои се вечни и на кои сите се сеќаваме на неговите зборови:

„Љубовта, толеранцијата и живеењето на нашите животи како да живееме милион години, тоа нè прави луѓе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот