ФОТО | Музеј на „воени трофеи“: Алиев се сликаше покрај шлемовите на убиените ерменски војници

Фото: Sputnik / Profimedia

Лидерот на Азербејџан Илхам Алиев отвори музеј посветен на победата на таа држава над соседната Ерменија во низата на крвави борби каде илјадници војници ги изгубија животите од двете страни во спорниот регион Нагорно-Карабах.

Во понеделникот претседателската прес служба објави серија на фотографии на кои се гледа како лидерот разгледува изложени „воени трофеи“, како и видео снимка на која им се обраќа на војниците одликувани за нивната служба во војната.

Во Паркот на воени трофеи, кој се наоѓа во главниот град Баку, се наоѓаат ерменски тенкови, камиони и оружје собрани од боиштето. Меѓу атракциите е наводна реконструкција на касарна која ја користиле ерменските трупи, со забрадени карикатури на ерменски војници.

Сепак, тоа што предизвика најмногу коментари е фотографија на која Алиев, облечен во воена униформа, ги разгледува изложените шлемови на убиените ерменски војници.

Завојуваните страни во ноември потпишаа прекин на војната со посредство на Русија, при што се стави крај на борбите кои се водеа за спорната територија Нагорно-Карабах.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот