ФОТО | Модните и холивудските ѕвезди на последното испраќање на Валентинo, погледнете кој беше во тажната поворка во Рим
На последното испраќање на големиот италијански дизајнер Валентино Гаравани, кој почина во понеделникот на 93-годишна возраст, му оддадоа почит култни модни дизајнери и ѕвезди со кои Валентино соработуваше многу години.
Препорачано

На погребот во Рим дојдоа актерката Ен Хатавеј, модните дизајнери Донатела Версаче и Том Форд и поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Британската актерка Елизабет Харли и нејзиниот син Дамијан исто така му оддадоа почит, а тој носел детаљ од „црвената боја на Валентино“ на својата облека.
View this post on Instagram
Еден од најголемите дизајнери на денешницата почина опкружен со своите најблиски во својот дом во Рим, а веста ја потврди и неговата фондација на Инстаграм. Погребот во Рим се одржа во базиликата „Света Марија од ангелите и мачениците“, пишува „Дејли мејл“.

Толпи луѓе ги исполнија улиците надвор додека пристигнуваше автомобил носејќи дрвен ковчег, а љубителите на модата држеа знаци и бели венци, како и цветен аранжман од црвени рози поставен на патот, во знак на почит кон препознатливата црвена боја на Валентино.
Заедно со познатите личности кои видливо тагуваа на погребот, стотици луѓе исто така дојдоа да му оддадат почит на Валентино додека неговото тело беше положено во базилика на Пјаца дела Република во Рим во текот на изминатите два дена.

Меѓу присутните, секако, беше и партнерот на Валентино, Џанкарло Џамети.

Валентино Клементе Лудовико Гаравани во текот на својата шеесетгодишна кариера остави големо модно влијание и облекуваше бројни познати личности – од Ким Кардашијан и Викторија Бекам до принцезата Дајана и поранешната американска прва дама Жаклин Џеки Кенеди.
Легендарниот италијански дизајнер Валентино почина на 93-годишна возраст


