Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

ФОТО | Модна доминација: Антониа Гиговска се појави на настан и го привлече вниманието со впечатливата креација

Македонската пејачка Антониа Гиговска беше една од најзабележителните гостинки на свечената прослава на една позната компанија, одржана во Скопје.

Со својот моден избор, 24-годишната ѕвезда успеа да украде многу погледи и да го задржи вниманието на присутните цела вечер.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Гиговска се појави во проѕирна, елегантно обработена креација која совршено ја истакна нејзината фигура. Синиот фустан со впечатливи, драматично оформени ракави е дело на дизајнерот Дејан Сидор, додека сребрените чевли се од брендот „Нејкед волф“, додавајќи уште еден слој гламур на нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Пејачката на настанот пристигна заедно со својот сопруг, Роберт Спасенцовски – Џокер, со кого се венча во март минатата година.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

ВИДЕО | Антониа Гоговска со најслушана песна меѓу двата макфестовски фестивали: „Со „Жена“ пораснав и јас“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот